Вистинскиот RoboCop се покажа бескорисен – не ги спречува криминалците како филмскиот јунак!

- Advertisement -

Роботите се повеќе стануваат дел од нашето секојдневие и во иднина можеме да очекуваме дека се почесто ќе работат како обезбедување, па дури и како полицајци. Така, во Јапонија во текот на Олимписките игри роботите ќе го одржуваат редот и мирот на железничките станици, а во некои градови во САД веќе се користи патролниот робот на компанијата Knightscope, кој е „вработен“ на паркинзи, трговски центри и слични места.

- Advertisement -

Роботот е опремен со камери кои може да пренесуваат видео во живо и да снимаат регистарски таблички од автомобили, како и да воспостават едноставна комуникација и со копчето „итно“ да контактираат со компанијата Knightscope.

Неодамна таков робот најми и полицијата во Лос Анџелес. Роботот наречен HP RoboCop во полициска униформа патролира во Солт Лејк паркот и треба да се грижи за редот и безбедноста. Дел од луѓето сметаат дека паркот навистина е побезбеден и веруваат дека самото присуство на роботот, на чиј оклоп се полициски ознаки, го спречува доаѓањето на криминалците и насилниците во паркот. Исто така, никој не знае какви се навистина можностите на тој робот и што можат да очекуваат од него кога ќе „згусти“, односно ако некој биде нападнат, ограбен во паркот и слично.

- Advertisement -

Неодамна една жена со својот пријател и со децата се шетала во паркот кога дошло до тепачка. Тогаш дознале што можат навистина да очекуваат од RoboCop кога ќе дојде до проблеми. Имено, кога дошло до тепачка жената дотрчала до полицискиот робот и го притиснала копчето за итни случаи затоа што верувала дека тоа копче е поврзано со полицијата. Наместо љубезно прашање како може да помогне роботот, тој само и рекол да му се тргне од патот. Повеќе пати го притиснала копчето и дури и се наведнала за да ја забележи камерата на роботот, но секој пат одговорот бил ист – наместо помош, роботот продолжувал да шета по својата однапред програмирана рута по паркот.

Полиција повикале на класичен начин, што не е добра реклама за роботот кој од Knightscopе го нарекуваат „машина за спречување криминал“. Но, наместо стопирање на криминалот, неговата улога моментално е ограничена само на безбедносната камера на тркала. Имено, HP RoboCop дури не е ни поврзан со полицијата и со притискање на копчето за итни случаи не може да се контактира со полицијата, додека снимката од неговите камери исто така не е достапна за полицајците туку само за вработените во Knightscope.

- Advertisement -

Од полицијата во Лос Анџелес во иднина планираат да го поврзат роботот со полицискиот систем, но додека не го направат тоа, неговата единствена улога ќе биде влевање сигурност со самото свое присуство и да ги предупредува децата и останатите луѓе дека треба да го одржуваат паркот чист. Годишната цена за најмување на таков робот изнесува 70.000-80.000 долари.

Сподели!
- Advertisement -