Маск откри која е следната компанија која може да ја преземе

- Advertisement -

Илон Маск сака Twitter да го направи место каде што ќе има слобода на говорот и каде што нема да има забранети содржини, ниту блокирање на корисници пораси споделување на своите стравови и размислувања. Се разбира, мора да постои некоја граница во таа комуникација, а каде е таа граница Маск покажа со контроверзниот рапер Канје Вест, кој прво го врати на Twitter, а потоа повторно го блокираше поради твитовите во кои повикува на насилство.

После купувањето на Twitter, за кој плати 44 милијарди долари, се поставува прашањето што следно има намера да направи Маск, кој се поставува како заштитник на слободата на говорот. Сигурно можеме да очекуваме некакви промени на самиот Twitter, но дали Маск разислува за некоја друга аквизиција на социјална мрежа или платформа?

- Advertisement -

Потенцијалниот одговор на тоа прашање може да се види од неговата комуникација со корисниците на Twitter. Тој учествуваше во расправа која ја започна контроверзниот политички коментатор Дејв Рубин, кој напиша дека политичката манипулација на Google и YouTube е многу полоша од манипулацијата на Twitter, на што Маск одговори со емотикон кој размислува. Во расправата се вклучи и еден корисник кој на Маск му сугерираше дека може да ја купи и претплатничката издавачка платформа Substack, која последните години е се попопуларна и ја користат многу познати новинари, аналитичари и експерти од разни индустрии.

Како што напиша корисникот, со тоа Маск би го контролирал и наративниот слој на интернетот, покрај информацискиот кој ќе го контролира со Twitter. Илон Маск на тоа одговори дека е отворен за таа идеја.

- Advertisement -

Се разбира, тоа не значи дека уште утре можеме да очекуваме преземање на Substack, но познавајќи го Маск, не треба да се сомневаме дерка сигурно ќе размисли за таа идеја и ќе провери што би можел да добие со евентуиално преземање на таа платформа.

(Business Insider)

- Advertisement -

(фото: Substack)

Сподели!
- Advertisement -