Модата и велнесот е поими познаи на секоја жена, а да се чувствувате добро во сопствената кожа и да изгледате убаво е ништо повеќе од грижа за себе. Кога во сето тоа ќе се вклучи и технологијата, поточно преносните гаџети, на многумина прво им текнува на Bellabeat.
Оваа хрватска компанија произведува паметни производи за жени и е првиот моден велнес бренд во светот кој на жените им помага едноставно да го следат сопственото тело и активно да придонесат за сопственоти здравје. Сензорската технологија која ја прави Bellabeat им помага на корисниците подобро да го разберат сопственото тело, ги инспирира и ги мотивира да станат најдобра верзија од себеси. Компанијата досега на пазарот пласираше неколку производи: паметен накит Leaf, паметно шише за вода Spring, а оваа пролет го претставија и Time, рачен часовник со елегантен дизајн чие куќиште сокрива паметна технологија која на мобилната апликација и ги испраќа сите битни показатели за состојбата на организмот на лицето кое го носи и ги потсетува ако се предолго неактивни, дав одат сметка за месечниот циклус и предлага техники за медитација за ослободување од насобраниот стрес.
Bellabeat е основана во 2014 година, а денес има околу 70 вработени, од кои дури 65% се жени. Компанијата ја основаа Сандро Мур и Уршка Сршен, која во текот на студиите го открива светот на ИТ, а денес како креативна директорка вешто го имплементира своето знаење во Bellabeat.
Тие најавуваат бројни нови производи. Еден од нив е Leaf crystal, новиот модел на овој популарен паметен накит за жени со Swarovski кристали, кој наскоро ќе им биде достапен на купувачите. Bellabeat сака да го создаде најголемиот глобален велнес клуб за жени преку кој на разни начини активно ќе придонесе за балансиран живот на своите клиенти. Во реализацијата на таа идеја веќе им помага апликацијата Bellabeat која на сите корисници им дава ексклузивни содржини за нивниот BB велнес клуб како што се вежби, фитнес програми и програми за разубавување, фејс јога, аудиомедитација и сл.
Во завршна фаза е и изработката на новиот накит на Bellabeat, кој ќе биде најналиот и најпрецизниот преносен уред во светот, кој со помош на сензори ќе ги мери здравствените податоци со цел детекција и управување со стресот. Тие планираат новиот производ да го лансираат на почетокот на идната година, а е развиен со поддршка на Хрватската агенција за мало стопанство, иновации и инвестиции во рамките на Еуростарс програмата за истражување и развој. Еуростарс е заедничка иницијатива на Еурека, водечката отворена платформа за меѓунаордна соработка и иновации и Европската комисија.