Погледнете како Adidas ги претвора пластичните шишиња во патики

- Advertisement -

Adidas прави повеќе од 400 милиони пара обувки годишно. За да се произведе толкава количина обувки потребни се огромни ресурси. Но, постојаното создавање нови материјали и наштетува на животната средина. Затоа, Adidas се сврте кон нов ресурс – пластичниот отпад.

Експертите предвидуваат дека за 30 години отсега во океаните ќе има повеќе пластика отколку риби. Според едно истражување, 90% од морските птици консумирале некаков вид пластичен отпад.

- Advertisement -

Сета таа пластика во океаните и на плажите е штетна и за морскиот свет и за луѓето. Adidas сака да спречи барем дел од таа пластика да не стигне до океаните. Во 2015 година Adidas склучи партнерство со организацијата Parley for the Oceans. Нивната заедничка цел е отпадот од океаните да го претворат во спортска опрема.

Adidas очекува годинава да направи 11 милиони пара обувки од рециклирана пластика од океаните. Тоа е повеќе од дупло од бројката во 2018 година. Како што велат од компанијата, благодарение на ова партнерство 2.810 тони пластика не стигнале до океаните.

- Advertisement -

Се прашувате како се прават тие обувки од рециклирана пластика? Се започнува на плажа. Parley и партнерите на компанијата собираат отпад од крајбрежните предели како Малдивите. Отпадот потоа се сортира и пластиката се испраќа во фабрика за преработка.

Adidas користи пластични шишиња што содржат полиетилен телефталат или PET. Ако има некои пластични делови кои Adidas не може да ги употреби како што се капачињата од шишињата, тие се испраќаат во нормални фабрики за рециклирање.

- Advertisement -

Фабриката за преработка го гмечи, го мие и го дехидрира пластичниот отпад до ситни пластични парчиња. Тие парчиња се загреваат, се сушат и се ладат, па се сечат на мали пелети. Полиестерот главно се добива од нафта, но Adidas ги топи тие пелети за да добијат материјал кој потоа се извлекува во пластичен конец кој Adidas го нарекува Ocean Plastic.

Adidas го користи тој матетијал за да го направи горниот слој на облеката и обувките. Секое парче облека од колекцијата Parley е направено од најмалку 74% пластика која ќе завршела во океан. Овие производи ги исполнуваат истите стандарди и исто се удобни како другите обувки на Adidas.

За производство на рециклиран полиестер се троши помалку вода, се испуштаат помалку хемикалии и се спречува загадувањето со пластика. Крајната цел на Adidas e полиестерот од нафта целосно да се замени со рециклиран до 2024 година. Моментално повеќе од 40% од облеката која ја прави Adidas е направена од рециклиран полиестер.

Веројатно сте виделе облека направена од рециклиран полиестер, а не ни знаете дека сте виделе. Линијата од рециклирана пластика на Adidas се користеше за фудбал на колеџите, во кошарката, бејзболот, хокејот, тенискиот турнир Australian Open и на други места.

Сепак, на овој начин не се елиминира целосно пластичниот отпад. Кога се пере облеката направена од полистер се испуштаат микровлакна, кои пак може да завршат во океан. Од Adidas препорачуваат луѓето што помалку да ја перат облеката, да користат ладна вода и целосно да ја полнат машината секој пат кога перат.

Тоа е само првиот чекор. Adidas развива и обувки кои 100% ќе се рециклираат наречени FutureCraft Loop. Тие обувки се направени со цел да бидат рециклирани кога ќе има потреба. Се очекува дека овие обувки ќе бидат достапни за нас обичните луѓе во 2021 година.

How Adidas Turns Plastic Bottles Into Shoes

How Adidas turns plastic bottles into shoes. 👟

Posted by Tech Insider on Среда, 28 август 2019
Сподели!
- Advertisement -