Успешнo лансирање нa новиот Passat! Само неколку недели по претставувањето, новиот Passat ја освои наградата „Најдобар бизнис автомобил за 2019 година“. Новото издание на овој бестселер на Volkswagen, веќе го обезбеди првото место на важните компаративни тестови, истакнувајќи дека новиот Passat е исто така меѓу најдобрите бизнис модели на пазарот.
Наградата „Најдобар бизнис автомобил“, иницирана од уредничкиот тим на AUTO BILD според изборот на читателите, ја доби новиот Passat во обемната категоријата „Автомобили со средна големина“. Моделот Passat е возило по кое сите возила во оваа категорија се споредуваат. Списанието AUTO BILD пишува: „Овие бизнис автомобили претежно се возат на националните патишта и автопати, како и на подолги патувања. Мноштвото на системи за безбедност и врвниот комфор на возачот и патниците ги прават долгите патувања многу попријатни и побезбедни.”
Есенцијата на новиот Volkswagen Passat е во деталите, како што се LED предните и задни светла, адаптивниот темпомат, помош за задржување на лента Lane Assist, предупредување при ризик од фронтален судар со можност за автономно
сопирање Front
Assist, систем за детекција на пешаци.,најновиот инфозабавниот систем,
вклучувајќи и интерфејс за мобилен телефон, поврзување со паметни телефони
преку App Connect и многу мобилни услуги преку Интернет, новиот Passat нуди
одличен сооднос на
цена и перформанси.
Моторите на Passat се ефикасни и одржливи, од турбо бензински мотори (TSI) преку турбо дизел мотори (TDI) до моделот Passat GTE со хибриден погон (160 kW / 218 КС). Во компаративно тестирање од реномирани списанија за автомобили, новиот Passat повторно се искачи на врвот. Два примери: Во AUTO ZEITUNG тестот, моделот Passat 2.0 TDI со 140 kW/190 ги победи своите клучни конкуренти. Како што пресудуваат оценувачите: „Со преземените мерки за одржување, моделот Volkswagen Passat ја зацементира својата доминантна позиција во категорија на автомобили со средна големина .“ Во споредбата што ја изврши AUTO BILD, и моделот Passat 2.0 TSI со 140 kW/190 го зазема највисокото место. Членовите на панелот ги сумираа неговите квалитетни карактеристики на следниов начин: „Простран внатрешен простор на возилото, балансирани возни карактеристики, фантастична мултимедија и безбедност..“ Накусо: совршен бизнис автомобил.