Јапонска авиокомпанија направи робот кој ќе може да патува наместо луѓето

- Advertisement -

Ако не сакате постојано да летате за да посетувате егзотични дестинации, авиокомпанијата All Nippon Airways направи робот кој ќе им овозможи на луѓето да искусат многу работи без да мора да бидат физички присутни таму.

Роботот се вика Newme и може да пренесува видео со резолуција од 2K и на луѓето да им овозможи да ја гледаат околината на роботот и да стапуваат во интеракција. ANA планира до идното лето да пушти во употреба 1.000 Newme роботи, кои на луѓето ќе им овозможат да „одат“ на спортски настани или на шопинг на другиот крај од светот.

- Advertisement -

Newme изгледа како таблет прикачен на подвижна основа, а го направи компанијата OhmniLabs. „Ќе им го ставиме светот на дофат на дланка на луѓето, аватарите ќе ви отворат нови можности и ќе помогнат да го смениме светот – од бизнисот и образованието до здравството и забавниот сектор“ велат од ANA.

Иако досега никој нема користено роботи со телеприсуство за да решава убиства, ANA сака да ги испрати Newme роботите на дестинации каде што е невозможно или опасно за луѓето да одат како што е дното на океанот или Месечината. ANA истражува и попрактични начини за луѓето да ги користат ваквите роботи како на пример да им овозможи на луѓето со парализа да се вратат на работа преку роботите.

Сподели!
- Advertisement -