Градот Камарата на Сицилија нуди бесплатни куќи за да привлече нови жители

- Advertisement -

Во текот на изминатите години неколку италијански гратчиња одлучија да продаваат куќи по цена од еден долар за да ја ревитализираат својата заедница, на која и се заканува исчезнување. За разлика од нив, сицилискиот град Камарата ги нуди куќите сосема бесплатно. Очаен да го спаси родниот град од депопулација, градоначалникот Винченцо Џиамброне поминал три години убедувајќи ги сопствениците кои неодамна ги напуштиле семејните куќи да ги предадат бесплатно на нови сопственици.

„Не можат да ги гледам празни прекрасните и стари историски центри како се претвораат во рушевини. Тоа ме боли. Сопствениците не се свесни за штетата која настанува кога ќе ги напуштат домовите и ќе одбијат да ги реновираат древните живеалишта. Тоа остава длабоки лузни на градот“, вели Џиамброне.

- Advertisement -

Според неговите податоци, моментално се достапни десетина празни станбени објекти, а наскоро ќе има уште со оглед на тоа дека се напуштени повеќе од 100 куќи. Тој се надева дека ќе ги спаси и дека повторно ќе бидат населени. „Сега купувачите конечно можат да влезат во куќите кои се распаѓаат и да ја оживеат историјата“, додава тој.

Условот за да добијат куќа без пари е купувачите да ја реновираат во рок од три години и да платат 5.000 евра депозит, кој ќе им биде вратен кога ќе завршат со реновирањето. Исто така, ќе мора да достават конкретен предлог за реновирање. Приоритет ќе имаат млади парови со деца, а паровите кои ќе се вселат и ќе добијат бебе во новиот дом ќе добијат и надомест во износ од 1.000 евра.

- Advertisement -

Новите сопственици можат и да ги трансформираат повеќекатните згради во приватни куќи, хотели, продавници и ресторани. Целта на градоначалникот е Камарата повторно да стане живо место. Камарата е едно од повеќето автентични италијански гратчиња кои се борат против падот и за сочувување на традицијата. Сместено е околу 60 км на север од Палермо. Гратчето е познато како град со 1.000 балкони на исток затоа што секој прозорец има поглед кон сонцето и спектакуларен поглед на вулканот Етна.

Сподели!
- Advertisement -