Toyota ќе го купи делот за беспилотни возила на компанијата за споделување превоз Lyft

- Advertisement -

Toyota ќе ја купи технологијата за беспилотни возила на Lyft за 55 милиони долари, изјавија компаниите. Тоа е во насока на напорите на јапонската компанија да ги оствари своите амбиции за автоматизација преку новосоздадениот оддел Woven Planet.

Аквизицијата на технологија за автоматизација од ниво 5 ќе и даде пристап на Toyota до над 300 вработени во компанијата за споделување превоз. Тоа е првиот чекор кон поврзување на луѓето. Исто така, на Toyota ќе и овозможи директно присуство во Силиконската долина и во Лондон, како и да го прошири проектот за паметен град Woven City во подножјето на планината Фуџи.

- Advertisement -

За Lyft, пак, оваа зделка наскоро ќе стане уште попрофитабилна и ќе го спаси од ризикот кој доаѓа со развивањето скапа технологија која допрва ќе почне да се користи насекаде. Toyota планира да продолжи да инвестира во развој на технологијата и во проширување на тимот.

Toyota моментално нуди ниво 2 на автоматизација со напредна технологија за асистирање на возачот, но има и други проекти за беспилотни возила вклучувајќи и заедничка компанија со SoftBank и формира конзорциум со General Motors. Исто така соработува со компании за споделување превоз како што се кинеската Didi Chuxing и Grab од Југоисточна Азија. Има удел и во најголемиот ривал на Lyft, Uber.

- Advertisement -

Toyota уште во февруари годинава најави дека ќе развива автономни комбиња за споделување превоз. Lyft ќе добие 200 милиони долари кеш однапред, а останатите 350 милиони долари ќе бидат исплатени во текот на наредните 5 години.

(Reuters)

- Advertisement -

(фото: Wikimedia)

Сподели!
- Advertisement -