Француско вино испратено во вселената да се види како созрева во такви услови

- Advertisement -

Повеќе десетици шишиња врвно француско вино се испратени на Меѓунарoдната вселенска станица, но не за да го испијат астронаутите, туку за да се истражи на кој начин созрева виното во вселената. Истражувањето делумно е финансирано со донации од богати спонзори или покровители. Меѓу останатите, тоа се францускиот претприемач Никола Гам и неговиот соработник Емануел Ешепар, соосновачи на компанијата Space Cargo Unlimited, чија цел е спроведување на биолошки истражувања во услови на микрогравитација.

Што можеме да очекуваме од виното кое во вселената ќе одлежи една годiна? Два клучни факти кои управуваат со животот на Земјата се менуваат во орбитата. Пред се, предметите на Меѓународната вселенска станица функцинираат во бестежинска состојба или она што научниците го нарекуваа микрогравитација.

- Advertisement -

Понатаму, без Земјината атмосфера предметите во вселената се изложени на многу поголема радијација во однос на предметите на Земјата. Тие услови значат дека во човечкиот организам, но и во шишињата со вино се менуваат повеќе биолошки процеси.

Микроорганизмите придонесуваат за аромата на виното како што тоа старее и созрева. Научниците се надеваат дека со овој експеримент ќе успеат да утврдат дали се разликува процесот на стареење во таква средина на исто вино од иста берба како тоа на Земјата.

- Advertisement -

„Претпоставуваме дека „престојот“ на шишињата вино на Меѓунаордната вселенска станица, каде што ќе бидат изложени на микрогравитација и микрозрачење, ќе има позитивно влијание на процесот на стареење и на созревање на виното“ велат научниците од Универзитетот во Бордо, каде што ќе се анализира виното кога ќе се врати на Земјата.

Шишињата вино полетаа минатата сабота во капсула од Вирџинија, а таму стигнаа во понеделникот. Секое шише е спакувано во посебен метален канистер за да не се оштети или скрши. По враќањето на Земјата виното ќе се спореди со виното кое созревало на Земјата. Ова е една од шест вселенски мисии планирани за наредните три години.

Сподели!
- Advertisement -