Илијанчо Гаговски: Со нашиот софтвер ќе ги задржите најдобрите вработени во компанијата

- Advertisement -

Секој успешен менаџер знае дека вредниот и квалификуван работник е најголемиот капитал на неговата компанија. Еден од најголемите предизвици и на најуспешните менаџери и компании е да ги најдат и да ги задржат квалитетните работници. Македонската компанија РrymАpps за таа цел го разви FledgeHR софтверот за менаџирање со човечки ресурси, кој може да го имплементира секоја компанија, без разлика дали е мала или голема и колкав број вработени има. РrymАpps работи од 2014 година и е фирма со-основана од Илија Јованоски и Илијанчо Гаговски.

Искуствата од користењето на FledgeHR софтверот, со Иновативност ги сподели Илијанчо Гаговски. Досега, софтверот е имплементиран во компании во Македонија, Словенија и Србија, а нивните искуства велат дека со воспоставување на HR системи во организациите, покрај модернизирање на HRM процесите, се постигнува целокупно подобрување на менаџмент процесите, а решението се користи како стратегиска алатка за да се подигне бизнисот на организацијата на ново ниво и да се обезбеди одржливост.

- Advertisement -

Г-дин Гаговски, објаснете ни нешто повеќе за FledgeHR софтверот и неговото создавање

FledgeHR е софтвер за менаџирање со човечки ресурси, базиран на cloud технологија. Со користење на FledgeHR компаниите добиваат интегрирана платформа за повеќе различни функции од областа на менаџирање со човечки ресурси: огласување, прибирање на информации и селекција на кандидати за вработување, on-boarding или воведување во работа на нови вработени, мерење на перформанси на вработените, мерење на нивото на компетенции, пресметка на варијабилен дел на плата, систем за напредување во кариерата, автоматизирање на креирање на договори за работа, нотификација за истекување на договори, лиценци и дозволи, систематизација на работни места, како и контрола на работно време и одмори. Идејата беше, да се понуди интегрирана софтверска платформа која секој корисник ќе ја користи во обемот во кој во тој момент ги има изградено своите функции, а која ќе биде подготвена да одговори на неговите растечки барања како што фирмата се развива. Притоа, корисникот не треба да инвестира во дополнителна инфраструктура, затоа што за користење на софтверот му е потребен само интернет пребарувач – на било кој уред – се друго е хостирано во „облакот“, во случајов Microsoft Azure.

- Advertisement -

FledgeHR е комплетно ваше решение, зошто го одбравте токму тој принцип на работа?

Концептот за развој на компанијата PrymApps е формиран околу две идеи: oд стратешки аспект, PrymApps е продуктно ориентирана компанија, а од технолошки аспект, нашиот фокус е на развивање cloud базирани апликации.

Главни предности се зголемување на квалитетот на менаџирањето и добивање на точна слика за тоа кои се највредните вработени кои треба да се наградат и задржат!

- Advertisement -

Првата определба значи дека не се занимаваме ниту со outsourcing, ниту со систем интеграција, туку со развој на сопствени производи, според нашите согледувања на пазарот. Технолошки, определени сме за развој на cloud платформата на Мајкрософт – Azure.

Временски, ваквата определба значи дека сме подготвени на долг инвестициски циклус, кој на среден рок треба да донесе присуство на глобалниот пазар.

Кои се предностите кои ќе ги добијат компаниите доколку воведат ХР систем?

Главни предности се зголемување на квалитетот на менаџирањето и добивање на точна слика за тоа кои се највредните вработени кои треба да се наградат и задржат, а кои се на другиот крај на спектарот. Ова се постигнува преку системот за мерење на перформанси и компетенции. Од една страна, менаџерот, за да зададе задачи кои може да се мерат и да го прикажат квалитетот на работата на вработениот, мора добро да се задлабочат и да ги анализираат параметрите кои им се зададени како таргети, луѓето кои ги имаат на располагање за нивно постигнување како и работните задачи на секој поединечно. Од друга страна, кога работникот ќе добие јасни и мерливи задачи, подобро ќе се концентрира на она што менаџментот сака да го постигне, а освен тоа ќе има транспарентна процедура преку која неговиот придонес ќе биде евалуиран.

Користењето на софтверот не е врзано за одредена големина на фирмата ниту за одредена индустрија. Секоја фирма ги користи оние делови од софтверот кои е подготвена да ги имплементира во својата моментална големина и состојба.

Зошто компаниите би го одбрале токму FledgeHR софтверот?

Најголем дел од причините се наведени во претходните одговори, но има и поспецифични причини. Луѓето секогаш биле најважниот елемент на една фирма, но денес, со интензивирањето на миграционите процеси (не само кај нас), задржувањето на најдобрите кадри станува императив за опстанокот на фирмите. Со примена на FledgeHR компаниите добиваат алатка за тоа да го остварат.

Од неодамнешната презентација на софтверот во Скопје

Софтверот е голем и сеопфатен, дали може да се користат само некои делови од него, според потребите на компаниите?

Ние имаме клиенти со 2.000 вработени и клиенти со 20 вработени. Користењето на софтверот не е врзано за одредена големина на фирмата ниту за одредена индустрија. Секоја фирма ги користи оние делови од софтверот кои е подготвена да ги имплементира во својата моментална големина и состојба.

Едноставноста на користењето и современиот дизајн ни беше водечка идеја кога го креиравме FledgeHR, за што постојано добиваме позитивни повратни информации од корисниците. Имплементацијата од технички аспект во суштина е само паметење на лозинката за корисничкото име, затоа што за FledgeHR не е потребна локална инсталација, туку само интернет пребарувач. Имплементацијата на ниво на правила и процедури кои го следат софтверот, од друга страна, не е толку едноставна и зависи од интерната подготвеност на фирмата за нивно воведување и/или од нивната подготвеност да бидат водени низ тој процес. За оваа цел ние имаме и надворешен партнер, консултантската фирма од областа на човечки ресурси Вита Институт, која е на располагање за овој дел од имплементацијата.

Колку компании во земјава и надвор го користат FledgeHR софтверот, каков е фидбекот од вашите клиенти?

Во моментов FledgeHR го користат околу 20 фирми од Македонија, Словенија и Србија и нивниот фидбек е одличен, што не охрабрува дека сме на вистинскиот пат.

Сподели!
- Advertisement -