Илон Маск ќе ја догради најголемата батерија во светот да биде 50% поголема

- Advertisement -

Најголемата батерија во светот наскоро ќе стане уште поголема. Hornsdale Power Reserve во Јужна Австралија, која ја направи Илон Маск и неговата компанија Тesla, iќе се прошири за дополнителни 50% идната година.

Батеријата беше изградена во 2017 година со цел да се олесни проблемот со нестабилноста на електричната мрежа во Јужна Австралија, каде што честопати се случуваше да снема струја во цела држава. Tesla го доби договорот и Илон Маск вети дека ќе ја изгради за 100 дена. Тоа ветување си го одржа и беше комплетирана во ноември 2017 година.

- Advertisement -

Батеријата има капацитет од 129 MWh и стана најголемата литиум-јонска батерија во светот. Сега изгледа ќе стане уште поголема. Tesla, компанијата Neoen која ја одржува батеријата и владата на Јужна Австралија сакаат да го зголемат капацитетот на батеријата за 50%, односно да додадат дополнителен капацитет од 64,5 MWh. Се очекува надградбата да се комплетира до средината на 2020 година.

Сподели!
- Advertisement -