- Advertisement -
Во градот Хејуан на југот на кинеската провинција Гуангдонг беше испечатена една од најголемите 3Д печатени деловни згради во светот. Оваа зграда, која е висока 7,2 метри и се простира на површина од 230 квадратни метри, е создадена со помош на оваа футуристичка технологија.
На принтерот му биле потребни само 60 часа за да го заврши овој сложен проект. Со помош на овие принтер времето на изградба на големи и мали објекти во просек се намалува од два месеци на околу пет дена, а трошоците се намалуваат за 40%.
- Advertisement -
Проценетиот век на траење на оваа 3Д печатена зграда е пет децении.
- Advertisement -