Дубаи на аеродромите постави футуристички тунели за проверка на патниците

- Advertisement -

Низ аеродромите во Дубаи поминуваат многу патници, а до 2020 година се очекува бројката да се искачи на 124 милиони луѓе. Со цел да се засили ефикасноста на контролите за безбедност Dubai International Airport иснталираше тунел опремен со 80 камери за препознавање лице и скенирање на зеници на очи. Ѕидовите на тунелот покажуваат виртуелни слики као аквариуми и реклами, па патниците низ него ќе поминат како и низ секој тунел. На крајот на тунелот на дисплеј ќе се покаже порака за среќен пат за патникот или предупредување уште еднаш да се провери кој е и што носи.

Од властите на Дубаи велат дека четири години работеле на трансформација на процедурата од традиционална проверка до нешто од иднината. Сликите кои се гледаат на ѕидовите на тунелот не се таму за декорација туку имаат своја цел. Рибите во аквариум, на пример, освен што се интересни и забавни, го привлекуваат вниманието на патниците кои во тунелот гледаат од различни агли и различни камери го снимаат нивното лице.

- Advertisement -

Дубаи не е првото место каде што се користи биометрика за да се подобри ефикасноста на аеродромот. САД тестира препознавање на лице како една од мерките за поголема безбедност, а и Австралија е заинтересирана за биометриска идентификација како препознавање на лице, зеници и отпечаток на прст. Првиот виртуелен тунел ќе биде инсталиран на аеродромот Dubai International Airport до крајот на летото 2018 година, а потоа ќе бидат поставени други тунели на сите терминали на аеродромот до 2020 година.

(Engadget)

Сподели!
- Advertisement -