Основачите на Google се повлекуваат од челото на компанијата

- Advertisement -

Главниот директор на Google, Сундар Пичаи, ќе го замени Лери Пејџ како главен извршен директор на матичната компанија Alphabet Inc., соопштија од компанијата, што покажува се помала јавна улога на Пејџ и Сергеј Брин во компанијата која заеднички ја основале пред 21 година.

“Иако беше голема привилегија толку длабоко да учествуваме во дневното управување со компанијата, мислиме дека е време да преземеме улога на горди родители, нудејќи совети и и љубов, но не и дневно приговарање“, напишаа Пејџ и Брин во блогот.

- Advertisement -

Alphabet, кој исто така ја поседува технолошката компанија за автономни возила Waymo, компанијата Verily за софтвер за здравствена заштита и неколку други компании, се појави во 2015 година како дел од корпоративното реструктурирање. Пејџ сакаше да се фокусира на новите компании, додека оперативните одлуки во најголемата единица на Alphabet, Google, му ги препушти на Пичаи.

Пејџ и Брин нема да бидат на чело на Alphabet, но и понатаму ќе остаат на чело на управниот одбор, каде што ќе задржат мнозинско право на глас. Пејџ и Брин ја осмислија Google уште како студенти, а компанијата официјално настана во 1998 година. Низ годините во склоп на Google се развиени цела низа производи, односно услуги – од пребарувачи, сервиси за електронска пошта, електронски книги, канцелариски алатки, до оперативниот систем за паметни телефони Android.

- Advertisement -

Нивното формално повлекување од Alphabet доаѓа во интересен момент. Имено, иако Alphabet и понатаму добро заработува, компанијата се соочува со низа потенцијални проблеми. Конгресот и државните адвокати, како и американските регулатори најавија или веќе почнаа истрага против неговата доминација на пазарот, а ЕУ најави почеток на истрага поради начинот на кој собираат податоци и ги користат во огласувачкиот дел од работата.

Сподели!
- Advertisement -