Српскиот град Књажевац бесплатно дели реновирани станови и куќи

- Advertisement -

Општината Кљажевац во Србија верува дека со делење на државни станови и куќи на користење на луѓето кои сакаат да живеат во овој град ќе го спречи негативниот природен прираст. Според пописот од 2011 година, во оваа општина живеат нешто повече од 32.000 жители. Десетина години подоцна и тој беој е намален за неколку илјади луѓе.

Поради тоа, општинските власти, покрај останаттие мерки за зголемување на бројот на жители, на подрачјето на градот нудат бесплатно сместување за сите гражании на Србија кои сакаат да се преселат во градот. Од општината велат дека во тек е попис на објекти кои се во државна сопственост. По завршувањето на тоа, куќите и становите ќе бидат реновирани и понудени бесплатно на користење.

- Advertisement -

„Сакаме на овој начин со сите мерки на пронаталната политика, како што се 4.000 евра за секоја невработена мајка која ќе роди трето дете, да го зголемиме бројот на жители. Во секое село во кое би дошол да живее по еден брачен пар тоа би значело можеби уште неколку деца во тоа село и опстанок за нашите села“ велат од општината.

Оттаму додаваат дека овој јавен повик е добра основа за севкупен развој, при што идните жители на оваа оштина ќе имаат можност за вработување како во индустрискиот, така и во земјоделскиот сектор.

Сподели!
- Advertisement -