Роботска риба „јаде“ пластика и ја чисти водата од отпад

- Advertisement -

Во рамките на натпревар на Универзитетот Сари развиена е риба која собира микропластика. Станува збор за робот со должина од 50 см, кој веќе може да собира и мали честички пластика со големина од 2 мм.

Загадувањето на водата, посебно загадувањето со пластика, е огромен проблем. Не станува збор само за океаните кои страдаат, туку и за реките, потоците, езерата и мочуриштата. Тоа е проблем без едно единствено решение, вели Еленор Мекинтош, студентка по хемија и победник на натпреварот.

- Advertisement -

„Мојот дизајн е фокусиран на сестраната функција. Кое суштество можеподобро да се носи со проблемите во водените средини од оние кои живеат таму? Рибите се прилагодени на својата средина, а шкргите се неверојатен механизам во природата кој го филтрира кислородот во крвотокот. Затоа го адаптирав својот дизајн на тоа, а целта е да се добие филтер за микропластика“ вели Мекинтош.

Роботот се движи во вода со движење на опашката додека ја држи устата отворена за водата да влегува заедно со микропластиката во внатрешната шуплина. Кога шуплината ќе се наполни, устата се затвора, а потоа дното на шуплината се подига и ја исфрла водата од роботот преку перките, но микропластиката останува заробена.

- Advertisement -

Роботската риба долга 50 см веќе може да фати честички со големина од 2 нм. Таа содржи сензори кои овозможуваат да се следи, како и сензори за проценка на заматеноста и нивото на подводниот звет. Исто така, роботот може да свети ноќе.

Прототипот моментално се базира на жичена контрола, меѓутоа идните верзии би можеле да ловат и многу помали честички и би можеле да се движат целосно независно.

- Advertisement -

(Klix.ba)

(фото: Wikimedia)

Сподели!
- Advertisement -