Поголем пристап до премиум иновациите на Galaxy како најновите карактеристики на камерата, S Pen и останатите клучни алатки за себеизразување и продуктивност
Samsung Electronics Co. Ltd, денеска ги најавија новитe Galaxy S10 Lite и Galaxy Note10 Lite. Потекнувајќи од Galaxy S и Note сериите, Galaxy Lite уредите носат клучни премиум карактеристики како што се најновата технологија на камерата, препознатливиот S pen, широко-гледниот екран и долготрајната батерија на едно сосема друго ниво.
„Веќе 10 години Galaxy S and Galaxy Note уредите се успешни насекаде низ светот. Овие уреди го претставуваат нашиот постојан труд да донесеме иновации, водечки во својата индустрија, од карактеристики и моќ до интелигенција и услуги“, изјави DJ Koh, Претседател и CEO на IT & Mobile Communications Division, Samsung Electronics. „Galaxy S10 Lite и Galaxy Note10 Lite ќе ги претстават клучните премиум карактеристики кои го креираат Galaxy S и Galaxy Note искуството.“
Galaxy S10 Lite: Врвна Pro-Grade камера за совршени фотографии и глатко видео
Galaxy Lite уредите нудат пакет со карактеристики и способности за камера, кој што се потпира на врвните Samsung технологии за камери и ги доближува до поширок спектар на достапни уреди.
Издигни ја својата фотографија на повисоко ниво на било која авантура со Galaxy S10 Lite, што содржи главна камера и Ultra Wide и Macro камери заедно со новиот Super Steady OIS. Кога ќе се спои со Super Steady mode, Super Steady OIS овозможува повисока стабилност на фокусот на фотографиите и видеата во движење, дозволувајќи ви да го споделувате вашиот свет, вашето искуство, без никаков компромис.
Ultra Wide камерата има агол на леќа од 123 степени, давајќи ви поглед широк колку човечко око, додека предните и задните камери со висока резолуција ви дозволуваат да го доловите секој можен детал во кристално чист фокус.
Galaxy Note10 Lite: Подобрена продуктивност, било каде и било кога
Уживај во премиум Note искуството и зголеми ја твојата продуктивност со Galaxy Note10 Lite и со уникатниот S Pen. Bluetooth Low-Energy (BLE) поддршката значи дека можете да управувате со презентација, да ја менаџирате видео содржината или да фотографирате, само со еден едноставен клик на S Pen. Air Command исто така ќе ви даде пристап до карактеристиките на S Pen брзо и лесно. Samsung Notes апликацијата го прави фаќањето белешки побрзо и полесно додека сте во движење. И сега, можете да ги претворите напишаните белешки во текст за лесно уредување и споделување.
Galaxy Премиум карактеристики:
Galaxy S10 Lite и Galaxy Note10 Lite ќе им овозможат на повеќе луѓе пристап до сите премиум Galaxy предности:
- Непрекинат визуелен екран: Galaxy S10 Lite и Galaxy Note10 Lite нудат edge-to-edge Infinity-O екрани. Со екран со големина од 6,7 инчи, се овозможува експанзивно и тродимензионално искуство, дозволувајќи ви целосно да уживате и да се изгубите во омилените мултимедијални содржини.
- Поголема и долготрајна батерија: Galaxy S10 Lite и Galaxy Note10 Lite содржат голема 4,500mAh батерија и супер брзополнечки способности, за да можете полесно да останете поврзани и да поминете повеќе време правејќи го тоа што го сакате.
- Услуги и Безбедност: Galaxy S10 Lite и Galaxy Note10 Lite го имаат екосистемот на Samsung од паметни апликации и услуги, вклучувајќи ги Bixby, Samsung Pay and Samsung Health. Како што можете да очекувате, овие Galaxy уреди се исто така заштитени со defense-grade безбедносната платформа, Samsung Knox.
Galaxy S10 Lite е достапен во Prism White, Prism Black and Prism Blue, додека Galaxy Note10 Lite е достапен во Aura Glow, Aura Black и Aura Red. Galaxy S10 Lite и Galaxy Note10 Lite ќе бидат презентирани на CES 2020, што ќе се одржи од 7-10 јануари, 2020 година, во ‘Samsung booths’ (#15006), во Las Vegas Convention Center. За повеќе информации за најновите уреди на Galaxy, ве молиме посетете ги веб страниците https://news.samsung.com/galaxy, http://www.samsungmobilepress.com, www.samsung.com.