Само 12 од 100 студенти се вработуваат по струка!

- Advertisement -

Само 12 од запишани 100 студенти по завршувањето на студиите работат според своето образование, покажува анализата на непрофитната организација „Македонија 2025“. Целосна реформа во образовниот систем, градење на доверба меѓу работодавачите и барателите на работа, практичко учење на учениците и студентите се дел од заклучоците кои државата мора итно да ги спроведе за да се намали јазот меѓу побарувачката и понудата на пазарот на труд.

Работодавачите да бидат поактивно вклучени во креирање на наставни програми, мора да се подобрат информациите кои што ги добиваат младите лица кога одлучуваат што ќе студираат тоа е уписна политика, преку неа може многу да се влијае на иднината, и мораме да го зголемиме она што го велиме учење преку работа или практична компонента“, рече Никица Мојсовска-Блажевски- извршен директор на „Македонија 2025“.

- Advertisement -

Таа вели дека образовниот и системот на обуки досега не ги даваат посакуваните ефекти, односно не креираат работна сила подготвена за пазарот на труд . Како едно од неколкуте решенија е и воведувањето на дуално образование, кое, ако се покаже како ефикасно, треба да се применува пошироко.

На годишно ниво, има отворени 18.000 работни места но загрижува фактот што од нив 80 отсто се за потполнување на испразнетите места, а не за отварање на нови работни места.

- Advertisement -

„Постои голема недоверба помеѓу работодавачите и барателите на работа и се укажа дека е неопходно уште на почетокот јасно да се дефинира што точно невработениот ќе работи, но со јасни односи потпишани и само на тој начин ќе се обезбеди да не им се помага само невработените да се вработат туку и да имаат претстава како ќе заработуваат во текот на работата“, рече Ристо Иванов- претседател на „Креација“ здружение на бизниси и консултанти.

Проблематично за пазарот за труд се и ниските примања, кои според него, не е резултат на ниски вештини, туку на ниска продуктивност, не поради работниците, туку поради начинот на користењето на сите резултати кај работодавачот. Сето она што се губи кај други ресурси. дали станува збор за опрема или предимензионираност, вели, како товар се префрла кај работниците. Поголем проблем од ниската плата, според него, е неизвесноста колку може да се оди нагоре од најнискиот износ.

- Advertisement -

Ова се дел од пораките на учесниците на Првата сесија од вториот циклус на Работната група 2 (Социјална политика и вработување – Поглавје 19) од Националната конвенција за Европската Унија во Република Македонија (НКЕУ-МК) на тема „Перформансите на пазарот на трудот: меѓу очекувањата на работодавачите и на барателите на работа (вработените)”.

Сподели!
- Advertisement -