Соединетите Aмерикански Држави се далеку најдобри кога се работи за технолошкиот сектор и моментално можат да се пофалат со број од 108 компании кои вредат милијарда долари или повеќе, а работат во технолошката индустрија. Тоа е половина од вкупниот број на ваква категорија компании во светот .
Но и Европа има технолошки компании кои спаѓаат во оваа категорија. На пример, во Велика Британија постојат технолошки компании кои заедно вредат 49,9 милијарда долари, меѓу кои се и познатите Shazam, Deliveroo и Skyscanner. После следува Шведска чии највредни компании, а се мисли на компаниите чија вредност надминува милијарда долари, вкупно вредат 35,9 милијарда долари. Станува збор за Skype, Spotify и Mojang.
Не е далеку ниту Германија со 27,3 милијарда долари вредни компании од кои се истакнуваат Auto1, Trivago, Delivery Hero, Xing. Понатаму на листата вредноста значително опаѓа, па така следува Финска со 14,2 милијарди долари вредни компании како Supercell и Rovio.
Франција има компании вредни 8,1 милијарда долари како BlaBlaCar и Criteo, додека пак Холандија е со компании од 3,8 милијарда долари како Takeaway или Adyen.
(ICTBusiness)