Disney ќе прави соларна фарма – енергијата ќе се користи во два Дизниленд паркови

- Advertisement -

Walt Disney World е компанија позната по скапите тематски паркови со ликови од цртаните филмови, кои речиси 50 години забавуваат милиони посетители годишно. Додека парковите го задржаа својот оригинален изглед низ децениите, зад кулисите се прават модерни надградби. Во чест на Денот на планетата Земја пред неколку дена, од Disney Parks and Resorts најавија дека наредната инвестиција ќе биде во изградба на соларна фарма.

Фармата ќе се наоѓа во центарот на Флорида. Walt Disney World ја донесе одлуката за искористување на енергијата од сонцето како природен чекор напред кон енергетска ефикасност бидејќи регионот на Орландо има повеќе од 300 сончеви денови годишно. Фармата со капацитет од 50 MW ќе има околу 500.000 соларни панели, пренесува Green Matters.

- Advertisement -

Фармата ќе ја гради американскиот лидер на соларни проекти Origis Energy USA. Изградбата ќе почне во близина на „Животинското царство“ на Disney во текот на наредните неколку месеци, а треба да биде готова до крајот на годината. Соларната фарма ќе покрива површина од околу 1 квадратен километар, а ќе обезбеди доволно енергија за два паркови на Disney во централна Флорида.

Со оваа чиста енергија ќе се задоволат 25% од потребите за енергија на Disney,  па се проценува дека компанијата ќе ја намали емисијата на стакленички гасови за повеќе од 57.000 тони годишно. Тоа е исто како да сте тргнале 9.300 автомобили од патиштата. Овој проект е дел од напорите на The Walt Disney Company да ја достигне својата цел – до 2020 година да ја намали емисијата на стакленички гасови за 50%.

Сподели!
- Advertisement -