Астронаути ги испекоа првите вселенски колачи и ги испратија на Земјата

- Advertisement -

Кекси со чоколада станаа првата храна испечена во вселената и тоа од прв обид, Имено, астронаутите на Меѓународната вселенска станица испекоа колачи во посебна печка. Трите кекси, секоја во посебна амбалажам, на 7 јануари беа вратени на Земјата со вселенскиот брод SpaceX Dragon.

Целта на ова е да се истражат можностите за приготвување храна во текот на долгите вселенски патувања. Минатата недела беа откриени резултатите од овој експеримент во кој учестуваа астронаутите Лука Пармитано и Кристина Кох.

- Advertisement -

Засега уште никој не знае каков вкус имаат колачите. Портпаролот на компанијата Double Tree, која го обезбеди тестото за кексите, за BBC изјави дека кексите дополнително ќе се тестираат за да се оценат конечните резултати од експериментот.

Со тие тестови ќе се утврди дали се добри за консумирање. За потребите на експериментот биле испечени вкупно пет кекси. Астронаутите откриле дека во вселената печењето трае подолго. Првото колаче било печено 25 минути (на Земјата се потребни 20-ина минути на температура од околу 150 сетепени Целзиусови), а сепак тестото било непечено. Второто колаче се печело 75 минути, а сепак мирисало на свежо тесто.

- Advertisement -

Останатите три се печеле 120/135 минути, а се ладеле од 10 до 25 минути. Кексите биле испечени во прототип на печка која ја нашравиле NanoRacks и Zero G Kitchen.

Сподели!
- Advertisement -