LG направи робот кој ќе ги чува домашните миленици

- Advertisement -

Љубителите на технологија на почетокот на секоја година со нетрпение го очекуваат почетокот на јануари, кога во Лас Вегас традиционално се одржува најголемиот саем за потрошувачка електроника во светот Consumer Electronic Show (CES). За новиот саем се подготвува и LG, а покрај класичните производи од потрошувачка електроника, можеме да очекуваме и еден робот.

Симпатичниот робот доаѓа со имплементирана вештачка интелигенција, опремен е со камера и бројни сензори, благодарение на кои може да разговара со луѓе и да се движи по дома. Освен што можеда го мери квалитетот на воздухот и температурата,може сопствениците да ги предупреди ако останал вклучен некој апарат, да ги потсети да се напијат лекови и сл.

- Advertisement -

Уште една интересна опција на роботот е надгледување ан домашните миленици кога се сами дома. Со оглед на тоа дека роботот е мобилен, може да се движи паралелно со домашните миленици и на пример, ако забележи нешто необично, да ги извести сопствениците по телефон. Исто така, користејќи ги тие сензори за следење, може да извести во случај на крадци во домот.

Роботот ја користи платформата на Qualcomm, Robotics RB5, која ја опишуваат како комбинација на хардвер, софтвер и вештачка интелигенција.

- Advertisement -

Официјалното претставување се очекува на CES, кога ќе дознаеме и повеќе информации за роботот и која ќе биде неговата цена.

(Zimo)

- Advertisement -

(фото: LG)

Сподели!
- Advertisement -