Основачот на Alibaba, Џек Ма, донираше 14 милиони долари за развој на вакцина за корона вирусот

- Advertisement -

Основачот на Alibabа, кинескиот милијардер Џек Ма, донираше околу 14,4 милиони долари преку својата фондација за да помогне во развојот на вакцина против новиот корона вирус, кој веќе уби повеќе од 130 луѓе во Кина.

Еден од најбогатите Кинези намени 5,8 милиони долари за две државни истражувачки институции, а остатокот од парите ќе се употреби за поддршка на мерките за превенција и лечење, велат од Фондацијата Џек Ма.

- Advertisement -

Донацијата следува после неодамнешната најава на Alibaba за основање фонд вреден 144 милиони долари за купување медицински материјали за градот Вухан и поркљаината Хубеи, кои се епицентарот на новиот смртоносен вирус. Alibaba е само една во низата кинески технолошки компании кои донираат средства за борба против корона вирусот.

Сподели!
- Advertisement -