Во Утрехт ќе се гради градски кварт во кој луѓето нема да поседуваат автомобили

- Advertisement -

Ако се прашувате како ќе изгледаат градските квартови од иднината, одговорот ќе ви го даде холандскиот град Утрехт. Имено, градските власти на Утрехт размислуваат за изградба на кварт кој ќе биде прилагоден на модерниот начин на живот и во кој луѓето нема да поседуваат возила, туку ќе ги споделуваат.

При дизајнот на квартот кој ќе го носи името Мерведе на прво место се ставаат јавните простори каде што луѓето ќе можат да се дружат и нема да бидат подредени на автомобилите и паркинзите. Имено, на релативно мала површина на луѓето ќе им се понуди се што им треба – градинки, училишта, трговски центри и билници, па нема ни да им требаат автомобили. Наместо тоа, планирано е жителите на тој кварт да пешачат или да возат велосипеди.

- Advertisement -

Секако, ќе има патишта и паркинзи за автомобили, но планирано е за три домаќинства дека е доволен еден автомобил. Тие возила ќе се споделуваат и ќе се плаќаат за користење. Но, покрај поврзаноста со градски превоз , архитектите веруваат дека ретко кога ќе се користат приватните автомобили.

Наместо да се претрупани со возила, жителите на квартот ќе уживаат во зеленило. Така, на секоја зграда ќе има сопствен двор, како и зеленило на покривите, како и соларни панели. За грење и ладење зградите ќе користат вода од каналите, па зградите ќе бидат речиси енергетски неутрални.

- Advertisement -

Архитектите кои работат на дизајнот на Мерведе се надеваат дека нивниот начин на размислување и развој на квартот ќе станде стандард за сите квартови во холандските градови за користењето приватни автомобили да се сведе на минимум.

Во дизајнот на новиот дел од градот активно се вклучени и жителите на Утрехт, кои даваат свои предлози, критики и пофалби. Ако се оди според планот, првите жители на новиот кварт ќе може да се вселат во текот на 2024 година.

Сподели!
- Advertisement -