Heineken се обврза на нула емисија на јаглерод диоксид до 2040 година

- Advertisement -

Компанијата HEINEKEN се обврза да оствари нула емисија на јаглерод диоксид во производството до 2030 година, а во целокупните процеси до 2040 година. Ова е првиот од многуте амбициозни чекори во рамки на ажурираната стратегија за одржливо работење на компанијата наречена „Создаваме подобар свет“, која, пак, е битен дел од целокупната Evergreen стратегија за урамнотежен раст на кимпанијата.

„Во оваа деценија која е пред нас се обврзуваме дека ќе ги забрзаме нашите мерки со рел решавање на климатските промени. Целта ни е до 2030 година да достигнеме нула емисија на јаглерод диоксид за да можеме да ја исполниме обврската од Парискиот климатски договор за 1,5°C зголемување на глоибалните температури“ велат од HEINEKEN.

- Advertisement -

Голем дел од нашиот карбонски отпечаток надвор од производството настанува во процесот на земјодлество, пакување, дистрибуција и ладење. Тоа значи дека ќе имаме блиска соработка со доставувачи и партнери за да ја достигнеме амбициозната цел и да оствариме нула емисија на јаглерод диоксид во рамките на целиот синџир до 2040 година. Свесни сме дека HEINEKEN може да напредува само ако и нашата планета и заедницата во која работиме напредуваат заедно. Со заедничка и тимска работа ќе дадеме се од себе за да создадеме подобар свет за сите нас“, додаваат.

HEINEKEN настојува на сите свои производни локации да оствари нула емисија на јаглерод диоксид така што ќе ја максимизира енергетската ефикасност и обновливите извори на енергија до 2030 година. Така, HEINEKEN има за цел до 2030 година да ја намали целокупната емисија на стакленички гасови за 30% во целиот синџир во однос на вредностите од 2018 година.

- Advertisement -

HEINEKEN ќе биде првата глобална пиварница која се обврзала да оствари нулта емисија на јаглерод диоксид во целокупниот синџир. Стратегијата „Создаваме подобар свет“ почна уште во 2008 година, а откако се обврза на преминување на обновливи извори на енергија во 2018 година компанијата реализираше над 130 проекти за обновливи извори на енергија, вклучувајќи поставување на 5 во рамките на 10 најголеми пиварници на соларен погон.

Преку партнерства HEINEKEN изгради фарми на ветар во Финска, во Индонезија користи биомаса направена од земјоделски отпад за загревање на две свои пиварници, во Нигерија HEINEKEN неодамна пушти во употреба соларни панели на пиварницата во Ибадан, а во Виетнам компанијата користи лушпи од ориз за да ги загрева котлите за производство на пиво. Покрај тоа, НEINEKEN поддржува 500 проекти за намалување на емисијата на јаглерод диоксид во земјоделството во 8 земји.

- Advertisement -

(Bizlife)

(фото: Flickr)

Сподели!
- Advertisement -