Американка осмисли еколошко погребување – станете ѓубриво и вратете и го долгот на планетата Земја

- Advertisement -

Американската Катрина Спејд осмисли еколошки процес на погребување така што телата на починатите луѓе ги претвора во ѓубриво кое семејството може да го истури околу билките и дрвјата.

Процесот се сведува на ставање на телата во затворена капсула со пилевина, луцерка и слама. Притоа, телото полека се врти за да им се овозможи на микробите да го разложат. После 30 дена остатоците се предаваат на семејството, кое може да ги искористи како ѓубриво.

- Advertisement -

Спејд тврди дека природното органско разложување на телото спречува емитување на 1,4 тони јаглерод диоксид во атмосферата при процесот на кремирање. Таа е уверена дека постои слична заштеда во споредба со традиционалните начини на погребување кога ќе се земе предвид превозот на покојникот и производството на ковчези.

Кога ќе умрам, нели би требало на оваа планета која ме штитела и ме поддржуваал целиот живот да и го вратам она што останало од мене? Тоа е толку логично, а и убаво“ вели Спејд.

- Advertisement -

Погребувањето на починатите луѓе со претворање во ѓубриво треба да почне од фебвруари наредната година во американската сојузна држава Вашингтон.

Сподели!
- Advertisement -