Окриено дека постојат два вида гојазност, од кои едниот е поопасен

- Advertisement -

Нова американска студија ја подели гојазноста на два подвидови, од кои секој на поинаков начин влијае на функционирањето на човечкото тело. Резултатите од студијата може да резултираат со најистанчениот пристап до дијагностицирање на здравствените проблеми поврзани со прекумерната тежина и до персонализирани начини на лекување.

Гојазноста моментално се дијагностицира со мерење на индексот на телесната маса или BMI, но тимот кој го направил најновото научно истражување тврди дека овој пристап е премногу поедноставен и дека постои ризик од погрешна дијагноза поради ифнорирање на индивидуалните биолошки варијации.

- Advertisement -

Еден од новооткриените типови на гојазност се карактеризира со поголема маса на масното ткиво, а другиот со поголема маса и масно и мускулно ткиво. Американските научници, на нивно изненадување, откриле дека вториот тип е поврзан со поголеми воспаленија, кои пак се поврзуваат со поголем ризик од рак и други болести. Резултатите од студијата се објавени во научното списание Nature Metabolism.

Користејќи пристап кој се базира само на податоци, по прв пат гледаме дека постојат најмалку два различни метаболички подвидови гојазност, секоја со свои физилошки и моолекуларни ефекти врз здравјето. Преведувањето на овие налози во клинички употреблив тест може да им помогне на докторите во давањето попрецизна грижа за пациентите, велат научниците.

- Advertisement -

Научниците истражувале 153 пара близнаци во рамките на научно-истражувачкиот проект TwinsUK и дошле до четири метаболички подтипови кои влијаат на телесната маса. Два од тие метаболички типови се склони кон слабеење, а останатите два се склони на гојазност. Резултатите потоа биле проверени на глувци во лабораторија користејќи глувци кои биле генетски идентични, пораснале во иста средина и јаделе иста количина храна.

Откритијата во лабораторија се речиси исто со податоците за човечките близнаци. Повторно се покажало дека има два различни подтипови гојазност, од кои едниот е епигенетски поттикнат, а е препознатлив по голема немасна маса и маснотии, поголеми воспалителни сигнали, големи нивоа на инсулин и голем епигенетски потпис.

- Advertisement -

Според она што го велат научниците, изгледа дека вториот подтип гојазност се поврзува со воспаление, случајно поттикнао. Тоа значи дека резултатите би можеле да бидат корисни и во проучување на она што е познато како необјаснета фенотипска варијација, односно идејата дека други фактори освен генетиката и нашата околина не прават она што сме.

Се смета дека речиси 2 милијарди луѓе во светот имаат прекумерна телесна тежина, а над 600 милиони луѓе се гојазни.

(Science Alert)

(фото: Raw Pixel)

Сподели!
- Advertisement -