Финска е најбезбедна земја, a Шпанија најдобра дестинација за туристи

- Advertisement -

Светскиот економски форум во изминатите 11 години ги ангажираше лидерите во туризмот и патувањата да прават длабинска анализа на индексот Конкурентност на патување и туризам (Travel and Tourism competitiveness) за 136 економии од целиот свет. Индексот мери сет од фактори и политики кои овозможуваат одржлив развој на секторот за патување и туризам, кој за возврат придонесува за развојот и конкурентноста на една земја.

На глобалното рангирање според сите параметри на индексот на прво место се најде Шпанија. Потоа следуваат Франција, Германија, Јапонија, Обединето Кралство, САД, Австралија, Италија, Канада и Швајцарија. Македонија на глобалната листа се наоѓа на 89-то место. Од соседите подобро рангирани се Хрватска на 32-ро место и Бугарија на 45-то, а подолу од нас се Србија на 95-то место и Албанија на 98-мо.

- Advertisement -

Годинава на прво место на листата со земји кои се најбезбедни за патување се најде Финска. Земјата ја има најдобрата полициска сила во светот, ниско ниво на криминал и насилство и ограничена изложеност на тероризам. Финска е популарна дестинација за љубителите на природата. Годинава на својата листа го додаде 40-тиот природен национален парк, воздухот таму е еден од најчистите во светот, а поларните светла може да се видат 200 ноќи во годината. Единствената дамка на репутацијата на Финска како најбезбедна дестинација за туристите е стапката на убиства, која е една од највисоките во западна Европа. Сепак, земјата е побезбедна да се посети отколку други кои имаат голема стапка на поседување одружје како што се Австралија, Канада, Франција и Обединетот Кралство.

Меѓу првите земји според безбедноста на листата се и: Обединетите Арапски Емирати, Исланд, Оман, Хонгконф, Сингапур, Норвешка, Швајцарија, Руанда и Катар. Македонија според безбедноста за туристите се наоѓа на 56-то место од вкупно 136 економии.

- Advertisement -

На листата според бизнис средината на прво место е Хонгконг. После него следуваат: Сингапур, Швајцарија, Обединето Кралство, Обединети Арапски Емирати, Катар, Луксембург, Нов Зеланд, Финска и Норвешка. Според бизнис средината Македонија е рангирана на високото 40-то место и сме најдобро рангирани од сите земји од регионот.

Според хигиената на прво место е Германија, Литванија на 2-то, Австрија на 3-то, Белгија на 4-то, Русија на 5-то. Првата десетка ја заокружуваат: Казахстан, Чешка, Украина, Унгарија и Бугарија. Македонија на оваа листа е на солидната 44-та позиција.

- Advertisement -

Според ИКТ подготвеноста, на прво место како информатички најдпоготвена земја во светот се најде Хонгконг. Веднаш по него е Данска, па Швајцарија, Шведска и Норвешка. И овде Македонија има солидна позиција на 62-рото место. Според отвореноста кон интернационални пазари на прво место е Сингапур, а Македонија е дури на 93-то место. Според конкуретноста на цените на прво место се наоѓа Иран, а ние се најдовме на високата 44-та позиција. Според инфраструктурата за воздушен сообраќај најдобро рангирана е Канада, додека Македонија е далеку зад неа на 93-тото место.

(World Economic Forum)

 

Сподели!
- Advertisement -