Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, ги претстави економските мерки за помош на Србија и економијата во надминување на коронавирусот.
Имаме пари за економијата. Размислуваме да им дадеме помош по 100 евра на секој возрасен граѓанин на Србија. Без оглед дали е вработен, невработен, пензионер. Тоа се околу 520 милиони евра, вели претседателот на Србија.
Ние сакаме да им помогнеме на претприемачите да преживеат, но само оние кои не отпуштиле над 10 проценти од работниците ќе можат да сметаат на тоа.
Сите претприемачи, микро и мали бизниси, за три месеци, дури и ако кризата околу короната и не трае три месеци, ќе им платиме минималец – најави синоќа Вучиќ.
На секој фризер, чевлар, пекар, на сите вработени во нивните компании ќе платиме минимална плата. Фризерот не може сега да заработи пари, но ќе има да плати минималец и за себе и за неговиот вработен.
Ние сакаме да им помогнеме на претприемачите да преживеат, но само оние кои не отпуштиле над 10 проценти од работниците, ќе можат да сметаат на тоа.
Српскиот претседател Александар Вучиќ синоќа рече дека доколку однесувањето на граѓаните не се промени, тој ќе биде подготвен следната недела да и предложи на владата воведување на 24-часовен полициски час.