Епидемиолозите се загрижени дека јавниот превоз може да предизвика нов бран на пандемијата на корона вирусот

- Advertisement -

Австрија е еден позитивен пример за справување со пандемијата на корона вирусот. Земјата постапно од 1 мај натаму ќе ги отвори сите продавници и трговски центри, фризерници, училишта, рестораи и хотели. Но, епидемиолозите и виролозите се загрижени дека и поракј задолжителното социјално дистанцирање во јавност, со враќањето на Австријците на работа и на училиште средствата за јавен превоз може да станат втор извор на епидемијата на корона вирусот.

За таа загриженост пишуваат и дневните австриски весници. Таму се наведува дека австрискиот министер за здравство Рудолф Аншобер смета дека држењето задолжително социјално растојание од најмалку еден метар е можно и во средствата за јавен превоз, но некои австриски виролози и епидемиолози не го делат неговото мислење.

- Advertisement -

Напротив, тие се погласно предупредуваат дека токму средствата за јавен превоз може да станат извор на втор бран на заразата во Австрија. „Оопасноста постои секаде каде што луѓето стојат блиску еден до друг. Американските истражувања покажаа дека во затворените простори како што се подземните железници вирусите може да бидат заразни и до 71 часа“ вели вирологот Кристоф Штајнингер.

Епидемиологот Ева Шернхамер смета дека ризичните групи граѓани во ссекој случат треба да избегнуваат да користат средства за јавен превоз. Таа предлага да се воведе горна граница на бројот на патници кои заедно може да се возат во трамвај, метро или автобус, како и скенирање на телесната температура при влез во јавен превоз.

- Advertisement -

Вирологот Штајнингер останува на својот став дека не е проблем враќањето на училиште туку патот до училиште. Овој проблем набрзо ќе биде актуелен затоа што автриската влада почнувајќи од 1 мај го укинува ограничувањето на движењето на луѓето, а во текот на мај учениците ќе се вратат во клупите, а работниците на работа.

Сподели!
- Advertisement -