Градoт Белград нема да го наплаќа деловниот простор додека трае вонредната состојба

- Advertisement -

Град Белград нема да го наплаќа закупот на деловните простории од закупците додека трае вонредната состојба затоа што е стопирана стопанската активност во секторот услуги и трговија, со исклучок на малопродажбата, па закупците генерално немаат приходи.

Град Белград нема да го фактурира закупот на деловниот простор чиј сопственик е додека трае вонредната состојба. Кога ќе заврши вонредната состојба, нашите закупци ќе имаат рок од 30 дена да се изјаснат на кој начин сакаат да го платат закупот за просторот во тој период. Ќе им понудиме две опции: закупот за периодот на вонредната состојба да го платат до 31 декември годинава со попуст од 50% или целосниот износ да го платат во текот на 2021 година на 12 месечни рати“ велат од Градот.

- Advertisement -

Додаваат и дека на овој начин Град Белград вложува дополнителни напори да им помогне на малите претприемачи кои се мнозинство од закупците на градските деловни простори за тие да ја зачуваат својата работа и да им платат на нивните работници.

Сподели!
- Advertisement -