Со оваа техника обичните ѕидови се претвораат во џиновски интерактивни екрани на допир

- Advertisement -

Замислете да можете да допрете кој било дел од ѕидот за да изгаснете некоја слијалица или да ја лизгате раката по ѕидот за да ја покачите температурата. Истражувачи од Универзитетот Карнеги Мелон и Disney направија евтина техника со боја која овозможува ѕидовите во вашиот дом да се претворат во џиновски интерактивни сензори на допир.

Wall++ е евтино решение кое овозможува обичните ѕидови да станат паметна инфраструктура. На ѕидовите се прави една мрежа од форми како дијамант со проводлива боја, а потоа ги прекривате со мрежа од тенки жици.

- Advertisement -

Истражувачите проценуваат дека за да го направите тоа ќе треба да потрошите по 20 долари по квадратен метар. Иако нема да бидат осетливи и прецизни како екраните на смартфон или на таблет, Wall++ може да детектираат кога некој човек е во близина, можат да ја следат работата на различни електрични уреди, па дури и да го известат корисникот дали телевизорот го оставиле приклучен.

Кога корисникот ќе постави прст на ѕидот, сензорите реагираат и можат да препознаат каде е прстот и како се движи. Ѕидовите „знаат“ и кога некој човек е премногу близу со тоа што „чувствуваат“ електрицитетот кој го емитува. Истата технологија се користи за детектирање електронски уреди во 3Д простор.

Сподели!
- Advertisement -