Француски научници направија заштитна маска која се менува дури после 100 носења

- Advertisement -

Француски индустријалци и научници го најавија почетокот на производството на нов тип заштитни маски, поотпорни од сите досегашни, кои ќе може да се употребуваат стотина пати без да мора да се заменат.

Маската ќе биде понудена на пазарот по малопродажна цена од околу 30 евра. Меѓу четириесетината научници и експерти кои работеле на овој проект имало и вработени во познатата компанија Michelin, како и од Центарот за атомска и алтернативна енергија, кои основале нова компанија наречена VOC-Cov (Volonté d’Organiser Contre le Covid-19).

- Advertisement -

Експертите дошлe на идејата пред три недели. Центарот за атомска и алтернативна енергија ги ставил на располагање сите свои ресурси, додека експертите од Michelin се ангажирани на дизајнот на прототипот.

Пробната серија од 5.000 маски веќе е во производство, а првите маски треба да се најдат на пазарот идната недела. Целта е во текот на мај да произведат 1 милион маски, што е еднакво на 500 милиони маски за еднократна употреба, велат одговорните за проектот.

- Advertisement -

Michelin веќе резервирал 130.000 маски, од кои дел ќе ги донираат на здравствени установи. Новата маска ќе го носи името “OCOV®”, а ќе содржи пет филтри кои на корисникот ќе му овозможат стотина пати носење. Откога ќе се искористат сите пет филтри, не треба да се фрла маската затоа што ќе може да се купат нови филтри и да се користи повторно.

Сподели!
- Advertisement -