Google ја претстави платформата Teach from Home како помош за одржувањето онлајн настава

- Advertisement -

Google ја претстави платформата Teach from Home за учење на далечина. Платформата е центар за информации и алатки кои им помагаат на наставниците во оджувањето настава на далечина во текот на кризата предизвикана од корона вирусот.

Платформата на наставниците ќе им овозможи што поуспешно користење на алатките G Suite for Education за да се поврзат со учениците и да ги направат лекциите поинтересни и полесно сфатливи.

- Advertisement -

G Suite for Education ги користат околу 120 милиони наставници и ученици ширум светто. Платформата Teach from Home е осмислена како помош за наставниците во одржувањето на наставата во текот на оваа криза. Иако веб-локациите во даден момент нема да бидат достапни, содржините ќе бидат достапни на други платформи како што е Google Teacher Center.

G Suite for Education е збир од апликации кои обезбедуваат пристап до основни образвони функции како онлајн предавања, генерирање документи од сите видови, обука и управување со училници, споделување датотеки, е-пошта итн.

- Advertisement -

Платформата Teach from Home исто така нуди водич за учители со совети како да се одржува настава на далечина. Водичот нуди детални информации од организрање на работната средина, подготовка на лекции и настава, како и видеосостаноци со ученици, како и Google Classroom, алатки кои овозможуваат наставниците да споделуваат дигитални содржини, да задаваат задачи, да ја следат работата на учениците итн.

Сподели!
- Advertisement -