Apple развива безжични слушалки на кои ќе може да им менувате делови

- Advertisement -

Apple никогаш не бил претерано отворен за новите производи кои ги развиваат. Најголем дел од информациите кои допираат до јавноста доаѓаат од луѓе кои се вклучени во развојот, но не се задолжително од Apple.

Така во јавноста протекоа информации дека Apple работи на развој на нови, врвни безжични слушалки кои би биле модуларни, односно на кои ќе им се менуваат различни делови. Според информациите, Apple развива барем два модели од новите слушалки. Едниот треба да биде кожен или од материјал сличен на кожа, додека дригиот се фокусира на луѓето кои се занимаваат со спорт и е направен од полесни и провидни материјали.

- Advertisement -

Иако нема објавено никакви фотографии, од Bloomberg наведуваат дека прототиповите имаат ретро изглед со овални слушалки кои ги прекриваат ушите и метална рамка која ги поврзува. Слушалките ќе може со магнет да се поставуваат на рамката и корисниците ќе може да ги менуваат по потреба.

Што се однесува на технологијата во нив, наводно, ќе користат слична безжична технологија како AirPods Pro и ќе поддржуваат гласовни контроли за Siri.

Сподели!
- Advertisement -