Националната федерација на фармери со кампања „Купувајте домашни производи“

- Advertisement -

Во пресрет на велигденските и првомајските празници, Националната федерација на фармери (НФФ) започна афирмативна кампања „Купувајте домашни производи”. Целта на кампањата, како што најавија од Федерацијата, е зголемена потрошувачка на домашните земјоделски производи на нашиот пазар.

„Здравствената и економска криза предизвикана од Корона Вирусот направи нарушување на пазарните синџири и создаде дополнителни проблеми во дистрибуцијата, затоа треба да се дејствува на дoмашен

- Advertisement -

план и да се купуваат домашни земјоделски производи. На ваков начин ќе помогнеме на земјоделството и фармерите и ќе се влијае позитивно на домашната економија, потенцира Васка Мојсовска“, претседателка на НФФ.

Националната федерација на фармери ги повикува и другите здруженија на граѓани да ја подржат афирмативната кампања „Купувајте домашни производи” и бара од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство во кординација со Министерството за економија да преземат мерки и иницијативи за поттикнување на компаниите, маркетите да го зголемат откупот на домашни земјоделски производи, за да немаме вишок на храна оставена на самото поле.

- Advertisement -

Во соопштнието НФФ посочува дека околу 180 илјади семејства кои живеат во руралните средини егзистираат од земјоделство.

Градинарското производство и производството на овошје и грозје, како и сточарството се одвива главно кај индивидуалните земјоделски производители, карактеристично со мали стопанства и фрагментирани парцели, се наведува во соопштението.

- Advertisement -

Според официјалните статистички податоци во Република Северна Македонија, како што се посочува, 48 илјади индивидуални земјоделски стопанства егзистираат од лозарство, 60 илјади земјоделски стопанства егзистираат од градинарство и 36 илјади земјоделски стопанства егзистрираат од овоштарство. Во сточарството има вкупно 6000 регистрирани одгледувалишта на добиток, посочуваат од НФФ. 

Сподели!
- Advertisement -