Huawei развива платформа за хибридни школи кои комбинираат онлајн и физичка настава

- Advertisement -

Во рамките на својот проект за паметно образование Huawei Smart Education компанијата Huawei почна за развива сеопфатна дигитална платформа која овозможува т.н. хибридно образование, кое е комбинација од најдобрите аспекти на физичката и на онлајн наставата. Моментално некои од опциите на проектот Huawei Smart Education, кој комбинира напредна технологија, опрема и конкретни софтверски решенија, ги користат повеќе од 2.500 универзитети и институции, 500.000 основни и средни училишта и 850 милиони ученици и студенти ширум светот.

Основата на проектот Huawei Smart Education и на новата платформа за хибридно образование е Huawei Cloud, кој овозможува едноставна и сигурна работа прилагодена на ученциите, студентите и професорите, но и на родителите во другите делови од образовниот процес. На учениците и на студентите им се достапни сите потребни материјали на едно место, овозможени им се видеопредавања со највисок квалитет и со напредни можности за продукција и прикажување на професорите и на наставните материјали.

- Advertisement -

Покрај сеопфатната онлајн настава во т.н. е-училници, овозможени се и дополнителни консултации со професори после наставата и размена на дополнителен интерактивен материјал. На учениците, студентите и на професорите им се достапни разни апликации во богатиот екосистем кој го развиле експерти за образование, но и експерти од различни институции битни за едукативниот процес како што се музеи, театри итн. Учењето на овој начин овозможува соработка на учениците и студентите со професорите. Професорите можат во живо да ги прегледуваат домашните задачи со учениците и во живо да одговараат на прашања.

Платформата поддржува и физичка настава, а подготовката за наставата како и резултатите повторно се бележат во Cloud за максимални да се поддржи персонализираниот пристап во учењето. Комбинацијата од онлајн и физичка настава ја одредуваат самите образовни институции, а целосниот едукативен процес се прилагодува на наставниот план.

Сподели!
- Advertisement -