Samsung го подготвува најевтиниот флексибилен телефон во светот

- Advertisement -

Главната причина поради која луѓето кога избираат нов телефон не се одлучуваат за смартфон со флексибилен екран веројатно е цената. Првите модели такви телефони чинеа повеќе од 2.000 долари, а иако последните модели како Motorolа Razr и Samsung Galaxy Flip Z се поевтини, тие сепак се премногу скапи за просечните корисници.

Тоа го знаат и мобилните компании, па затоа наскоро можеме да очекуваме мобилен телефон чија цена ќе се приближи до границата од 1.000 долари. Наводно, Samsung работи на таков телефон и ќе г претстави како Galaxy Fold Lite. Fold беше првиот телефон со флексибилен екран на Samsung и досега слушавме гласини за неговиот наследник, Galaxy Fold 2, но во последно време повеќе се шират информации за поевтината, односно Lite верзијата.

- Advertisement -

Според гласините, кои не се потврдени од Samsung, поевтиниот Fold би требало да користи технологија и делови какви што имаше во телефоните од 2018, 2019 и 2020 година. Исто така, Fold Lite би требало да има и помал надворешен керан, веројатно нема да има поддршка за 5G, ќе има само 256 GB меморија, но добро е тоа што Samsung нема да штеди на процесорот. Имено, според гласините, Fold Lite ќе ја има последната и најмоќна генерација на процесорот Snapdragon(865).

Цената, наводно, ќе изнесува околу 1.100 долари. И тоа е скапо, но многу е попристрапно отколку 2.300 долари, колку што чинеа минатогодишните модели на смартфони со флексибилен екран.

Сподели!
- Advertisement -