Сите некогаш сме се нашле во ситуација да изгубиме чувство за време кога гледаме нешто на YouTube и тоа што сме мислеле ќе трае 10 минути се претвора во неколку часа или цела вечер. Досега YouTube не потсетуваше кога е време за пауза и одмор, а сега воведува и опција „време за спиење“. Ако не можете да се оттргнете од интересните видеа кои почнуваат едноподруго, а одамна поминало времето за спиење, YouTube ќе ве потсети на тоа.
Новата опција функционира како аларм. Потребно е во апликацијата YouTube да го внесете времето кога би сакале да појдете на спиење и апликацијата ќе ве потсети кога е време да престанете да гледате видеа. Корисниците можат да изберат во кое време да се вклучи потсетникот – дали ќе излезе за време на некое видео или кога ќе заврши видеото.
Секако, YouTube ќе овозможи и одложување на алармот, исто како на смартфоните. Тоа ќе ви даде уште неколку минути за гледање или можете целосно да го исклучите, ако баш сакате цела ноќ да ја поминете на YouTube.
За овие нови опции да ви се појават во поставките за YouTube, треба да ја ажурирате апликацијата за iPhone или Android, да се логирате на YouTube со својот профил на Google и во поставките ќе ја најдете опцијата „Потсети ме кога е време за спиење“ („Remind me when it’s time for bed“).