- Advertisement -
Акциите на американската биотехничка компанија „Модерна“ скокнаа дури 30 проценти минатиот понеделник, откако беше објавено дека се постигнати ветувачки резултати во потрагата по ефикасна вакцина против коронавирусот, објави Си Ен Ен.
Во понеделникот и вторникот, финансиски и медицински директори на компанијата Модерна ги продадоа своите акции и остварија вкупна добивка од 27 милиони долари за само 24 часа.
- Advertisement -
Вкупната пазарна вредност на оваа биотехнолошка компанија се искачи на неверојатни 29 милијарди американски долари, иако фирмата нема свои производи на пазарот, според Си Ен Ен.
- Advertisement -