Facebook претстави паметни очила за сонце

- Advertisement -

Сопственикот ан компанијата Facebook, Марк Цукерберг, на својот официјален профил на социјалната мрежа претстави модел на паметни очила кои компанијата Facebook ќе ги прави заедно со познатиот бренд за очила за сонце, Ray-Ban.

Како што објасни Цукерберг, новиот модел на паметни очила ќе се продава под името Ray-Ban Stories, а од денес ќе се најдат во понудата на Ray-Ban по цена од 299 долари.

- Advertisement -

Според првичните информации, очилата ќе имаат многу опции кои на некој начин можат да ги заменат паметните телефони. Имено, рамката на очилата ќе има две предни камери од 5 мегапиксели за снимање видеа и фотографии со програми каде што фотографиите и видеата може да се исечат, да се споделуваат со други апликации на телефон итн.

На очилата ќе има копче за снимање, кое ќе се активира со гласовна команда.Звучниците од двете страни на рамката може да репродуцираат звуци од телефон преку Bluetooth, што значи можете да се јавите на телефон или да слушате подкаст без да го вадите телефонот.

- Advertisement -

Ray-Ban Stories се првиот производ од повеќегодишното партнерство на Facebook и европскиот конгломерат за очила EssilorLuxottic. кој е сопственик на брендот Ray-Ban.

(Zimo)

- Advertisement -

(фото: Facebook)

Сподели!
- Advertisement -