Американска компанија развива растенија кои преживуваат суша и се отпорни на болести

- Advertisement -

Компанијата Inari развива растенија кои преживуваат суша и за одгледување им се потребни многу малку пестициди и ѓубриво, што е неопходно во еден свет како нашиот каде што се случуваат непредвидливи временски услови и климатски промени.

„Како ќе го прехраниме целиот свет без да ја изгладниме нашата планета и почвата? Токму затоа бараме начини да создадеме растенија кои не само што можат да го нахранат светот, туку тоа го правиме на начин кој не троши многу вода како што троши традиционалното земјоделство. Нашите растенија трошат многу малку ресурси“ вели Понси Тривисвавет, извршен директор на Inari.

- Advertisement -

Inari користи машинско учење за да анализира кои гени има помагаат на растенијата да растат. Тоа им помага да ги направат растенијата отпорни на суша и на болести така што ги менуваат гените.

Одгледувањето растенија кои можат да издржат екстремни временски услови.

- Advertisement -

„На пример, на обичната пченка и е потребна поголема количина вода особено во текот на цутењето, што е нормално во текот на летото. Таа мора да се наводнува на неколку дена. Ако има суша во тој период, значително се намалува продуктивноста на пченката. Она што го правиме ние е комбинација од две технологии. Едната е компјутерски дизајн на пченка, за навистина да се разбери геномот на пченката, како и интеракцијата меѓу гените. Другата технологија се есенцијални генетски алатки. Тие алатки, се на пример, менување на гените или епигенетски алатки. Нив ги користиме откако ќе ја дознаеме интеракцијата меѓу гените и знаеме кои гени треба да ги вратиме во системот“ објаснува Тривисвавет.

Оваа технологија треба да им помогне на фармерите да ги намалат трошоците, да одгледуваат похранливи продукти и да го направат целото земјоделство поодржливо. За разлика од типичната генетска модификација, Inari менува или додава гени од исти видови, користејќи го природниот генетски диверзитет на растенијата и нивната лична одбрана.

- Advertisement -

Inari моментално одгледува пченка, соја и пченица, но се надеваат дека во иднина ќе одгледуваат и ориз. Климатските промени се голем предизвик за земјоделците затоа што се јавуваат се повеќе поплави и суши, кои се закануваат по безбедноста на храната и предизвикуваат економски загуби. 39 милиони луѓе во светот моментално немаат сигурни извори на храна поради климатските катастрофи во 2017 година. Повисоките температури овозможуваат и развој на повеќе штетници, што значи и поголема употреба на токсични пестициди. Сето тоа придонесува за поголемо загадување во светот.

This company is developing plants that will survive in drought

Using tech to fight food scarcity.📕 Read more: https://wef.ch/2FGI1uf #techforgood #wef20

Posted by World Economic Forum on Петок, 12 јуни 2020

(World Economic Forum)

(фото: Inari)

Сподели!
- Advertisement -