Кери О’Шеј Горгон, директорка за стратегии во MarketingProfs, е новиот говорник на Spark.me 2018

- Advertisement -

Организацискиот тим на Spark.mе, една од најголемите конференции за маркетинг во Југоисточна Европа, која се одржува од 26 до 27 мај во Будва, Црна Гора (со серија на специјализирани работилници закажани за 25. мај), го објави името на новиот говорник на Spark.me 2018 конференцијата. Се работи за Кери О’Шеј Горгон, директорка за стратегии во MarketingProfs – водечки извор на информации за повеќе од 600.000 маркетинг професионалци ширум светот и водителка на Marketing Smarts подкастот.

Горгон е адвокатка, подкастер, говорничка и писателка. Како директор за стратегии во MarketingProfs таа ги дизајнира програмите за обуки за клиенти ширум светот, а во слободно време пишува за некои од најпопуларните сајтови во маркетинг и ПР индустријата, како и на блогот на Марк Шејфер {grow}, Social Media Explorer, Entrepreneur, Spin Sucks, MackCollier.com и Huffington Post.

- Advertisement -

Горгон е една од ретките личности во индустријата кои со еднаква експертиза можат да зборуваат и за правото и за создавањето на ефективна содржина за социјалните медиуми. Освен тоа што е лиценциран адвокат (дипломирала како првенец на генерацијата), доста е ценета како подкастер во маркетинг индустријата. Домаќин е на серијата неделни интервјуа на MarketingProfs под називот Marketing Smarts, која беше прогласена од Fast Company како една од најдобрите подкаст серии во светот. Магазинот Inc. го рангираше нејзиниот подкаст на листата 19 подкасти кои вредат колку мастер диплома за бизнис администрација. 

 

- Advertisement -

Во својата емисија до сега ги има интервјуирано водечки имиња од областа на социјалните медиуми како Крис Боган, Ен Хендли и Гери Вајнерчак. Ги има интервјуирано и топ менаџерите од организации како IBM, National Geographic, Dell и Baltimore Ravens.

Претходно организаторите на Spark.me го објавија и првиот овогодинешен главен говорник – Марк Шејфер, кој е еден од водечките светски стратези во областа на маркетинг на социјалните медиуми. Во наредниот период ќе бидат објавени и имињата на останатите говорници на конференцијата.

- Advertisement -

 

Билетите за конференцијата Spark.me 2018 можат да се купат на официјалната веб страница на конференцијата www.spark.me. Целосната цена на билетот е 300 евра, но сите заинтересирани можат да го набават својат билет и по промотивна цена од 150 евра до 18 февруари. Овој билет вклучува пристап до сите предавања на 26 и 27 мај, сите работилници на 25 мај, на стартап натпреварот од 26 до 27 мај, ручек во хотелот Медитеран на база на шведска маса за двата дена на конференцијата, освежување на сите кафе паузи во текот на целата конференција, како и коктел прием на 26 мај. Во цената на билетот не е вклучен превоз и сместување.

Како мотивација за сите млади луѓе желни за знаење во понудата има и студентски билети наменети за средношколците и редовните студенти, постдипломците и докторантите помлади од 27 години, чија цена изнесува 50 евра. Купените билети можат дополнително да се пренесат и на друг учесник односно да се промени името, но парите не можат да се рефундираат.

Конференцијата Spark.me ќе се одржи по шести пат во хотелот Медитеран во Будва, Црна Гора. Во склад со желбата секоја година дополнително да се збогатува програмата, организацискиот тим на конференцијата за учесниците припреми и серија бесплатни работилници од областа на маркетинг и претприемништво кои ќе се одржат на 25 мај во хотелот Медитеран.

Организатор на Spark.me конференцијата е компанијата doMEn d.o.o, агент за регистрација на црногорскиот национален интернет домен – .ME, која од 2013 година ја организира конференцијата еднаш годишно во Будва. Spark.me им нуди можност на учесниците да научат за актуелните трендови во областа на маркетингот, технологијата и бизнисот од светски познати експерти и да остварат контакт со преку 550 учесници на конференцијата од повеќе од 20 држави во светот меѓу кои ќе се најдат и лидерите од бизнис светот, светот на технологијата и иновациите, маркетери, стартапи и луѓе желни за знаење.

За повеќе информации околу Spark.me, посетете ја официјалната веб страница на конференцијата www.spark.me, Facebook страницата www.facebook.com/sparkdotme , профилот на Twitter twitter.com/sparkdotme, како и профилот на Instagram www.instagram.com/sparkdotme/.

Сподели!
- Advertisement -