Градоначалникот на Лондон, Садик Кан, поради пандемијата си ја намали себеси платата за 10% и ја повика британската влада да им помогне на локалните власти кои имаат финансиски тешкотии за во јавните служби да не мора да се воведуваат мерки на штедење.
Овој пратеник на Лабуристичката партија, чија годишна плата е 170.000 евра, ги замрзна и платите на 15 членови на својата канцеларија, додека метрополата во наредните две години би можела да има загуба од 550 милиони евра.
„КОВИД-19 имаше разорно влијание на јавните финансии во Лондон, кои пред пандемијата беа во одлична форма“, истакна Кан во соопштение.
Приходите на операторот со лондонскиот јавен превоз TfL паднаа за повеќе од 90% во текот на пандемијата, но нагло паднаа и приходите од локалните даноци и од даноците на добивка, додаде Кан.
Кан предупредува дека без помошта од владата мора да се кратат буџетите за полицијата, пожарникарите и за јавниот превоз. „Ова е најлош момент за повторно воведување мерки на штедење – баш кога мора да инвестираме во закрепнувањето на Лондон“, оценува Кан.
Ширум Обединетото Кралство локалните заедници се во слични финансиски тешкотии.
(Bizlife)
(фото: Wallpaper Flare)