Жените во Нигерија пластичниот отпад го претвораат во аксесоари

- Advertisement -

Она што ние го гледаме како ѓубре за жените од градот Јола од североисточна Нигерија е извор на средства за преживување и заработка на доволно средства за школување на нивните деца. Тие го собираат пластичниот отпад, односно пластичните кеси и од нив плетат аксесоари и корисни предмети за домаќинството како, на пример, корпи. Тие се дел од проектот Waste to Wealth. Со парите што ги заработиле на овој начин некои жени купиле земјиште и компјутери за нивните деца.

Двапати неделно жените се собираат за заедно да ги исчистат собраните кеси. Исчистените кеси се сушат, се сечат на ленти и се виткаат во клопчиња. Производите што ги прават ги продаваат по цена од 3 до 47 долари, во зависност од големината и квалитетот. Програмата Waste to Wealth ги трансформираше животите на многу жени и истовремено помага за намалување на пластичниот отпад во Нигерија. Се организираат и изложби за направените производи.

Сподели!
- Advertisement -