Тргна на пат првиот товарен брод кој го влече летечки земј

- Advertisement -

Француската компанија Airseas го вгради својот прв автоматизиран летечки земј Seawing на товарен брод кој го изнајми Airbus, а во февруари идната година ќе почнат шестмесечни испитувања. Се проценува дека земјот ќе заштеди до 20% гориво и за толку ќе ја намали и емисијата на стакленички гасови.

Товарниог брод Ville de Bordeaux, вреден 30 милиони долари, кој е во сопственост на компанијата Louis Dreyfus, која управува со него, се наоѓа во долгорочен наем на Airbus, кој го користи за транспорт на големи структури за авиони од сцвоите фабрики во Европа кон фабриката во Тулуз, каде што се врши финалното склопување на авионите.

- Advertisement -

Брдото сега е опремен со змеј со големина од 500 квадратни метри и опрема на палубата и мостот која спаѓа во системот Seawing. Seawing автоматски го исфрла змејот откако прво од товарниот дел ќе го извлече на шини, а потоа ќе го подигне над шалубата на јарбол за да го фати ветрот. Потоа го пуша на долг кабел за да го повлечат силните ветришта на висина од 200 метри над нивото на морето.

Во тој момент почнува движење во форма на 8 при брзина поголема од 100 км/ч, кое го следи и го контролира автоматизиран систем на бродот, а е програмиран да го постави змејот за најголема влечна сила. Компјутер на Seawing соработува со бродскиот навигациски систем, го нагледува ветрот и го пренасочува бродот за да оди по најефикасниот можен пат без да се оддолжи времето на пристигнување.

- Advertisement -

Системот може да се инсталира на секој брод за само неколку дена без да се влијае на операциите со товарот и на големината на товарниот простор.

(Interesting Engineering)

- Advertisement -

(фото: Airbus)

Сподели!
- Advertisement -