Се отвараат границите, аеродромите и теретаните

- Advertisement -

Врз основа на препораките на Комисијата за заразни болести, Владата денеска донесе одлука од петок, 26 јуни, целосно да бидат отворани сите гранични премини за непречено движење на патници и возила без приложување на ПЦР-тестови и без упатување до домашна изолација или спроведување во задолжителен државен карантин, објави премиерот Оливер Спасовски, на својот фејсбук-профил. На 1 јули ќе бидат отворени за сообраќај Меѓународниот аеродром Скопје и аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид, а се укинува изабраната за организиран превоз, која исто така стартува од 26 јуни.

На денешната седница Владата донесе одлука угостителските објекти да можат да работат и во внатрешноста на објектите преку соодветен протокол за работа. Ќе почнат да работат и теретаните и вежбалниците, а моловите, од истиот датум, ќе можат да работат и во неделите.

- Advertisement -

За сите овие одлуки до петок ќе бидат подготвени протоколи кои ќе бидат задолжителни за сите економски оператори и институции во чија надлежност се овие одлуки.

Сподели!
- Advertisement -