ТАВ Македонија ги отвора аеродромите. Ова се новите правила!

- Advertisement -

Патниците ќе треба да пристигнат на аеродромот најмалку 3 часа пред нивниот лет, да носат заштитна маска постојано, да одржуваат физичко растојание и висок степен на лична хигиена

Согласно Одлуката на Владата на Република Северна Македонија донесена на 23 јуни 2020 година, за повторно отворање на Меѓународниот Аеродром Скопје и Аеродромот Свети Апостол Павле Охрид од 1 јули 2020 година, по нивното затворање на 19 и на 16 март годинава, ТАВ Македонија ја информира јавноста дека двата аеродроми ќе се отворат за патнички летови почнувајќи од следната среда, 1 јули, со тоа што воведуваat нови правила за патување, со цел спречување на влез и ширење на COVID-19.

Најважно за патниците е да пристигнат на аеродромите најмалку 3 часа пред нивниот лет, да стават заштитна маска пред да влезат во терминалната зграда на аеродромот, да ги дезинфицираат обувките и рацете на самиот влез во зградата и постојано да одржуваат физичко растојание. 

- Advertisement -

При Заминувања, единствен отворен влез за патниците во терминалната зграда ќе биде влезот “Departures C”, при што пред влегување секој патник ќе треба да стави заштитна маска, да ја покаже авионската карта (печатена или на телефон) на нашите агенти за безбедност и потоа да помине преку патосница за дезинфекција на чевлите, а потоа и да ги дезинфицира рацете на безконтактните диспанзери за дезинфекција на раце, поставени на самиот влез од зградата.

По соодветната дезинфекција на обувките и рацете, на сите патници на влезовите во  терминалните згради на двата аеродроми, ќе им биде проверена телесната температура, преку термалните камери. По скенирањето, доколку немаат покачена телесна температура, патниците ќе можат да продолжат кон шалтерите за регистрација или саморегистрација. Она што е важно за целата јавност е да знае дека во аеродромската зграда ќе можат да влезат само лицата кои патуваат, а не и нивните семејства и пријатели кои ги испраќаат или ги чекаат да пристигнат.

- Advertisement -

Не е дозволено седење еден до друг на седиштата во чекалните на аеродромот, на Заминувања (Departures), Пристигнувања (Arrivals) и кај Излезите (Gates), туку патниците ќе треба да седат на соодветното физичко растојание, а за таа цел седиштата се посебно обележани.

Со цел патниците да се чувствуваат безбедно, ТАВ Македонија го интензивира чистењето и дезинфекцијата на сите површини на аеродромите, додека пак вентилацијата во терминалната зграда е исто така зголемена, со системот за климатизација кој користи F9 нано-хемиски филм-обложени филтри. Дополнително, низ целата терминална зграда на аеродромот поставени се диспанзери со средство за дезинфекција на рацете.

- Advertisement -

Со цел да се избегне создавање непотребен метеж на шалтерите за регистрација, од ТАВ Македонија ги охрабруваат патниците што повеќе да ја користат опцијата за онлајн регистрација на патници и багаж за летовите од скопскиот аеродром, најмалку 24 часа пред времето на полетување. Истата е достапна преку веб-страницата на аеродромот, каде што преку посебни икони секој патник може да пристапи до делот за онлајн регистрација од веб-страниците на авиокомпаниите.

Сподели!
- Advertisement -