Кина со нов рекорд на инсталирана соларна енергија – 50GW до крајот на 2017

- Advertisement -

Кина е постојан лидер во производството на соларна енергија и инсталациите за производство. Годинава ќе донесе уште еден битен момент по инсталацијата на дополнителни 25 гигават-часови соларна енергија само во јуни и јули. Се проценува дека до крајот на годинава Кина ќе може да инсталира повќе од 50 гигават-часови соларна енергија. Почнувајчи од 1 октомври инсталирани се вкупно околу 42 гигават-часови соларна енергија, иако се очекува темпото малку да се забави во октомври.

Иако соларниот бум на Кина со себе носи економски бенефит, движењето е поттикнато и од разбирањето на потребите на природата. „Секое зло што ќе го нанесеме на природата кога-тогаш ќе се врати да не прогонува. Ова е реалноста со којашто мора да се соочиме изјави кинескиот претседател Џи Јинпинг.

- Advertisement -

 

Најголем дел од неодаменшниот раст на соларната енергија во Кина не доаѓа од индустрискиот сектор затоа што Кина работи на програмата Top Runner, која има за цел да се иснталираат што повеќе соларни панели во помали проекти. Минатата година нацијата со речиси 1,4 милијарди луѓе инсталираше 34 гигават-часови соларна енергија, што е рекод за една година. За споредба, САД минатата година беа на второ место со само 14,6 гигават-часови соларна енергија.

- Advertisement -

 

Иако кинеската доминација на пазарот за соларна енергија е битна за пазарот на извор, бидејчи многу од компонентите за соларните системи се произведуваат во повеќе земји локално, најголем е домашниот импакт на постојаните инвестиции во соларна енергија. Со трансформацијата на енергетската економија Кина ќе ја заземе лидерската позиција во поглед на глобалните климатски промени во период кога САД го намали својот авторитет на ова поле.

- Advertisement -

(Inhabitat)

Сподели!
- Advertisement -