Илон Маск претстави детски електричен автомобил Cyberquad

- Advertisement -

После свирчето Cyberwhistl, кое веќе е распродадено на онлајн продавницата на Tesla, компанијата лансираше во продажба уште еден производ – Cyberquad, кој може да се купи за 1.900 долари.

За жал, не станува збор за ATV возилото кое беше претставено заедно со камионот Cybertruck пред неколку години, туку за квад возило наменето за деца. Електричниот ATV на четири тркала работи на литиум-јонска батерија, која му овозможува 24 км возење, а децата на него можат да возат со максимална брзина од 16 км/ч.

- Advertisement -

Cyberquad има шасија од челик, седишта со перничиња, прилагодлива суспензија и ЛЕД светла, а комплетниот дизајн наликува на вистинскиот ATV за возрасни, кој наскоро треба да биде лансиран.

На онлајн продавницата на Teslа пишува дека после нарачката на детскиот ATV, ќе чекате од 2 до 4 недели за да ви биде испорачан, што значи можете да го добиете пред Нова година.

- Advertisement -

(Vidi.hr)

(фото: Tesla)

Сподели!
- Advertisement -